Бошњачкиот демократски сојуз ја поздрави одлуката на членките на НАТО за отпочнување на преговори со нашата држава за приклучување кон Алијансата.
„Република Македонија од прогласувањето на независноста па сè до денес прави напори и врши реформи со кои има за цел да биде дел од НАТО и ЕУ. Бошњаците како граѓани на РМ ја гледаат иднината на нашата заедничка држава во НАТО бидејќи тоа претставува безбедносна гаранција како за РМ така и за Балканскиот полуостров. Очекуваме дека процесот на преговори за членство во НАТО ќе се реализира во најкраток можен рок, но за истото е потребна посветеност, не само од страна на Владата туку и на сите останати политички организации и институции во РМ“, велат од партијата.
Бошњачкиот демократски сојуз, стои во соопштението, ги става на располагање своите скромни ресурси и капацитети за спроведување на оваа цел.