Се огласи и Мамиќ по историскиот успех на репрезентацијата на Хрватска

Дерби

12/07/2018

13:58

2.084

Големина на фонт

а а а

Победата на Хрватска над Англија и историскиот пласман на „коцкестите“ во финалето на Светското првенство донесе многу коментари од познати фудбалери и фудбалски работници во регионот, но и во светот.

Имун на тоа, нормално не остана ни контроверзниот Здраво Мамиќ кој со коментар се јави од Босна и Херцеговина каде престојува откако во Хрватска му беше изречена затворска казна од 6.5 години.

- Ако сонувам, ве молам не будете ме! Уште еднаш се покажа она што секогаш го истакнувам- хрватските фудбалери се најдоброто нешто што го има Хрватска! Ви благодарам јунаци! Вие играјте, а јас ќе се молам за вас - напиша контроверзниот Мамиќ на својот „Фејсбук“ профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг