Партијата Единствена Македонија преку соопштение ја осуди, како што велат оттаму, бесрамната пропаганда и новинарскиот терор врз нацијата од марионетската власт во Скопје во обидот да прикаже дека Републка Македонија на Самитот на НАТО во Брисел добива покана за членство во НАТО.
„Ова е една голема лага, бидејќи, Република Македонија во Брисел добива само обично ветување дека во некоја иднина ќе добие покана за членство во НАТО, иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка, за која уште сега може да потврдиме дека во иднина и навистина нема да се оствари“, се наведува во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија додаваат дека лагата е уште поголема ако се знае дека природата на поканата за пристапување во НАТО е јасно пропишана во членот 10 од Северно атлантскиот договор од 4 април 1949 година.
„Го повторуваме на повеќе пати кажаното во јавноста дека Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името. Единствено ќе остане срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише се што е македонско, кои требало да размислуваат не само за моментот оти се доведоа во ситуација да се срамат од нив и нивните поколенија“, велат од партијата на Јанко Бачев.