Приведен градоначалникот на општина Ново Село поради шверц на цигари

Макфакс

11/07/2018

13:22

6.621

Големина на фонт

а а а

Приведен е градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев. Тој се сомничи за шверц со цигари. Стојчев бил приведен синоќа додека бил заедно со својата сопруга, синот и уште еден соучесник што се обидел да ѝ избега на полицијата.

Од СВР Струмица потврдуваат и додаваат дека синоќа во близина на село Бадилен полицијата запрела две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Едното возило се обидело да избега, па полицајците испукале предупредувачки куршуми.

– Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозачот С.В. (26) од село Ново Коњарево биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.

Од полицијата додаваат дека при преземање на потребните мерки и дејства лишено од слобода е и лицето М.Т. (52) од с. Самоилово, кој управувал мотоцикл „хамачи“ без регистарски таблички.

На местото на настанот е извршен увид од страна на СВР Струмица во присуство на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода и се задржани во полиција, а пронајдените кутии со цигари се одземени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг