Мицкоски пред Собрание запали свеќа во чест на Никола Саздовски

Макфакс

10/07/2018

20:28

2.418

Големина на фонт

а а а

Пред Собранието започна мирен протест во чест на загинатиот член на навивачката група Комити, 20-годишниот, Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше нападнат и брутално претепан од три лица, а вчера им подлегна на повредите.

На протестот присуствува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се појави во дрес на Вардар и пред сликата на младиот навивач, поставена непосредно пред Собранието, запали свеќа. 

Потоа Мицкоски го соблече дресот и го остави во чест на Саздо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг