Грчева: Судството да се откине од канџите на политиката и праведно да пресуди за убиството на Никола Саздовски

Макфакс

10/07/2018

19:02

1.589

Големина на фонт

а а а

Свирепото убиство на младиот Никола Саздовски мора да биде соодветно казнето, велат од партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“.

Оттаму бараат судството да се откине од канџите на политиката и да пресудува без предрасуди, без дискриминација, без влијание од центрите на моќ, кои, како што велат, ги гледаме постојано во судските процеси. 

Воедно прашуваат уште колку млади животи ќе згаснат пред да се преземат ригорозни и превентивни мерки за безбедноста на младите. 

„Пропагандната војна која перфидно ја почнаа во одбрана на МВР и Спасовски предизвикува само контра-ефект. Секому му е јасно дека е монструозно да ги делиш и мртвите на ‘наши’ и ‘ваши’“, се наведува во соопштението на партијата во кое воедно се изразува и сочувство до семејството, до навивачката група „Комити“ и до сите граѓани кои се шокирани од смртта на младиот навивач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг