Заврши мисијата на векот: Целиот тим и тренерот извлечени од пештерата на стравот, крај на незапаметената агонија на Тајланд

Точка

10/07/2018

14:39

5.046

Големина на фонт

а а а

Завршена е третата фаза од операцијата за спасување на преостанатите четири деца и нивниот тренер од пештерата на северот на Тајланд, која почнала утрово. Службениците најавиле дека петмината преостанати ќе бидат извлечени во текот на денот и тоа ветување било остварено.

Последниот дел од операцијата е излегување на четворицата нуркачи и докторите кои ја минале ноќта со децата во пештерата.

"Чекаме да излезат уште четири нуркачи", објавиле тајландските фоки на Фејсбук.

Во спасувањето на 12-те млади фудбалери и нивниот тренер учествувале 90 спасувачи од сите краеви на светот.

Тим на тајландската спасувачка единица "Фоки" на својата официјална Фејсбук страна објавил дека сите деца, како и нивниот тренер, се извлечени од пештерата.

"Sky News" пренел дека три амбулантни возила го напуштиле подрачјето за спасување.

Како што пренесуваат локалните медиуми, 9-тото и 10-тото дете биле со хеликоптер пренесени во болница, додека последните две спасени деца и нивниот тренер ги прегледуваат лекари во близина на влезот на пештерата.

Се појавиле и наводи дека на децата им била дадена дрога при излегувањето од пештерата за патувањето да им биле полесно. Премиерот на Тајланд, Прајат Чан Оча, ги одбил овие наводи и истакнал дека децата не биле дрогирани, туку им било дадено нешто за смирување.

Откако биле спасени уште три деца, немало извештаи дека тие биле пренесени во болница, како што било случај претходните два дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг