Тажна вест: Почина претепаното момче Никола Саздовски

Нетпрес

09/07/2018

11:21

9.951

Големина на фонт

а а а

21-годишниот Никола Саздовски кој на 29-ти минатиот месец беше физички напад, им подлегнал на повредите. Преку социјалните мрежи неговите блиски и пријателите се простуваат од младиот Никола.

Во полицискиот билтен на 30-ти минатиот месец, МВР објави дека претходниот ден на 29-ти во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, информираа тогаш од полицијата.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.

Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг