СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните за пустошот што го остави ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

08/07/2018

17:45

1.638

Големина на фонт

а а а

Наместо да им се извини на граѓаните за пустошот што после 11 години криминално владеење го остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски манифестира цврста решеност по секоја цена да го брани криминилот, не водејќи сметка за интересите на државата и граѓание, реагира СДСМ, по денешниот протест на опозицијата во Струмица.

„Мицкоски го злоупотребува дури и сопственото членство, ставајќи го насила во функција на одбрана на криминал. Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има. Расчистувањето со криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерес, секој ќе одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка“, вели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку соопштение испратено до јавноста.

Според нив, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал, додека СДСМ заедно со граѓаните обезбедува иднина.

„Договорот за спорот со Грција е патриотски чин што го гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина со членство во НАТО и членство во ЕУ. Тоа се историски успеси на Македонија коишто само Мицкоски не може да ги прифати. Поважна му е судбината на Никола Груевски отколку иднинта на Македонија. Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет. Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

СДСМ додава дека членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи огормен раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Истовремено, смета СДСМ, Македонија чекори кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.

„Мицкоски и деструктивните сили на чело со Иванов нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните избираат европска иднина, обезбеден и зајакнат македонски идентитет“, додава СДСМ во сопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг