Мицкоски од Струмица побара амнестија за 27-ми април

Макфакс

08/07/2018

15:55

1.227

Големина на фонт

а а а

ВМРО ДПМНЕ има денес 5 пратеници кои се теретат за нешто што не го направиле односно тероризам, а немојте никогаш да помислите дека ги заборавам и оние кои сега се по затворите, и кои се дел од оваа конструирана политичка хајка насочена против секој слободномислечки Македонец, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот во Струмица. Тој побара амнестија за 27-ми април.

-И не заборавајте никогаш дека сепак има невини луѓе по затворите затоа ште се воделе од идеја и чесна мисла и единствен мотив им била нивната татковина Република Македонија. И на ова лудило на политички реваншизам мора еднаш да му дојде крајот, затоа што премногу долго се делиме на ваши и наши, на Македонци и помалку Македонци и затоа е потребна амнестија за луѓето од 27 април, затоа што мораме да продолжиме напред, а нема напред ако живееме во минатото, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се осврна и на Договорот со Грција, а за време на неговиот говор присутните извикуваа „Заев предавник“ и пееја „Едно име имаме, во душата го носиме“.

– Го видовме Заев како на грчка телевизија се труди, се жили, да допрел да дојде до грчките националисти , дека имал добар договор по грчки терк. Тој ги брани грчките интереси, камо вака да се залагаше за македонските интереси. Тука вели иднетитетот е зачуван, а таму вели дека идентитетот е чувство. Нема дилема, од една историска дистанца кога ќе се раскажуваат овие времиња и кога ќе се знае како се договарал овој капитуалнтски чин, сигрен сум ќе се појави нов Фрчкоски кој ќе сведочи за нови куферчиња и нови амфори. Но Заев не е Глигоров, го видовме како за помалку се нафаќа да сработи нешто, рече Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг