ДС: Со лажен профил се злоупотребува името на Павле Трајанов

Макфакс

08/07/2018

12:22

1.205

Големина на фонт

а а а

Во последните неколку дена сè почесто се објавуваат постови од лажен профил на социјалните мрежи при што се злоупотребува името на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, велат од партијата.

„Демократскиот сојуз ќе ги преземе сите законски мерки се со цел да се спречи злопотреба на ФБ за пласирање на постови со злоупотреба на името на претседателот на ДС“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека Павле Трајанов се оградува од коментарите објавени преку лажните профили.