Владата на Тајланд објави детали за спасувачката акција – децата ќе бидат влечени со јаже

Макфакс

08/07/2018

11:57

3.191

Големина на фонт

а а а

Тајландската Влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги истркалаат низ премините.

Утрово во 10 часот по локално време почна акцијата за спасување на 12 деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата. Инаку, на искусните нуркачи им се потребни 11 часа да стигнат од влезот на пештерата до децата и назад. Поради тоа, Би-би-си наведува дека првото дете најрано би можело да излезе околу 21 часот по локално време.

##https://twitter.com/yayqe/status/1015875281280643073##



Спонзорирани линкови

Маркетинг