Тајландскиот спасувач Саман Кунан загинал во текот на операцијата за спасување на 12-те деца и нивниот фудбалски тренер, кои и натаму се наоѓаат заробени во пештерата на северот на Тајланд, додека спасувачката мисија продолжува и покрај новите врнежи.
Поранешниот припадник на елитните фоки загинал вчера вечерта откако влегол во пештерата за да испорача боци со кислород на рутата по која децата требало да бидат извлечени од потопениот пештерски комплекс.
Се обидувал да се врати во командниот центар длабоко под земјата, но останал без воздух.
Спасувачите и доброволците биле погодени од смртта на Кунан, но одлучни се да продолжат со операцијата за спасување.
Во меѓувреме, се појавила и снимка од трагично настраданиот спасувач, која била снимена пред тој да тргне во пештерата.
На снимката порачува: "Ќе ги вратиме децата дома, се гледаме вечер".
จ.อ.สมาน กุนัน พูด ก่อนขึ้นเครื่องบินมาสนับสนุนภารกิจมนุษย์กบ พา 13 ชีวิตที่ถ้ำหลวงกลับบ้าน ขอแสดงความเสียใจอย่างสุดซึ้ง และขอขอบคุณในหัวใจที่ยิ่งใหญ่ของพี่ค่ะ R.I.P pic.twitter.com/ZeyZHxf68N
— thapanee eadsrichai (@thapanee3miti) July 6, 2018