Единствена Македонија: Пенс не го спомна НАТО во честитката до Заев

Макфакс

06/07/2018

19:17

2.145

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија соопшти дека ја поздравува храброста на американскиот потпреседател Мајк Пенс, кој денеска на Твитер на своевиден начин најавил, како што велат, дека Македонија нема што да бара во НАТО.

„Пенс во официјалната порака на Твитер напиша дека телефонски му честитал на Заев за договорот со Грција со кој се отвораат вратите на Македонија во ЕУ, меѓутоа, за првпат не го спомна и НАТО што има свое значење преведено на обичен јазик. Со изјавата на Твитер, Пенс ги демантираше и медимуските бирократи во Белата куќа во САД кои вчера пуштија соопштение дека Пенс му честитал на Заев за ЕУ и НАТО. За жал, и македонските медиуми бомбастично го пренесоа соопштението од Белата куќа, но, вистинскиот одговор стигна многу бргу од најрелевантно и најкомпетентно место, од потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој и посака среќен пат на Македонија само во ЕУ без да го спомне НАТО“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Од партијата на Јанко Бачев велат дека со пораката, Пенс изразил почитување кон јасно изразената намера на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Македонија за стратешкиот сојуз со Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг