Италијанските и шпанските медиуми веќе го преселија Кристијано Роналдо во Торино и на големо се пренесува дека Португалецот го делат само детали и најмали ситници од официјализирање на трансферот во Јувентус, но иако двата клуба до овој момент мудро молчат за можните преговори и договорањето на мега зделката, изјавата која ја даде менаџерот Мендеш јасно ни долови дека капитенот на Португалија е пред промоција во италијанскиот шампион.
Медиумите на Апенините со големо внимание ги проследуваат сите новитети поврзани за оваа најавена „бомба“ која посебно стана актуелна во изминативе 48 часа, а сега со свој став на оваа тема излезе и легендарниот Бобо Виери кој има интересно размислување за пристигнувањето на Роналдо во италијанскиот фудбал.
– Роналдо во Јувентус? Ако тоа на крајот се случи, италијанскиот фудбал ќе добие на лотарија. Очите на целиот свет повторно ќе бидат вперени во Серија А. Да ги имате Роналдо или Меси во вашата лига е максимумот. Со Португалецот на терените во Италија, секој меч ќе стане интересен, дури и на оние во преградијата. Лигата на шампионите секако е цел на Јувентус, но со Кристијано во тимот ќе стана уште поголема цел. Сепак, за Јувентус тоа не треба да претставува опсесија, во овој момент фаворити и натаму остануваат Реал Мадри и Барселона, – вели Виери за „Беин Спортс“.