Италијанските медиуми пренесуваат дека Кристијано Роналдо наскоро за околу 100 милиони евра би можел да се пресели во редовите на Јувентус.
Наводно поради развојот на ваквата ситуација, а и поради тоа што на „Бјанконерите“, во случај на трансфер на Роналдо ќе им требаат големи финансиски средства и за неговата плата, можно е некоја од најголемите ѕвезди да го напушти Торино.
Поради тоа, ситуацијата наводно ќе се обиде да ја искористи Ливерпул и да го доведе Пауло Дибала на „Енфилд“.
Со доаѓањето на Роналдо во Јувентус, најверојатно Дибала ќе треба повеќе време да минува на клупата за резервни фудбалери, па затоа, доколку навистина Португалецот се пресели во Јувентус, голема е шансата Дибала да си замине.