Деновиве главна вест е можниот трансфер на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во редовите на италијански Јувентус.
Италијанските медиуми деновиве пренесоа дека Роналдо е пред трансфер на Апенините, а поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи изјави дека Роналдо дури и ги минал медицинските прегледи во Минхен и веќе има потпишано за Јувентус.
Сепак, според поранешниот спортски директор на Милан, Адриано Галијани, далеку од тоа дека трансферот на Роналдо во Јувентус е завршена работа.
„Често разговарам со Флорентино Перез. Пријатели сме и често ги коментираме заедно трансферите на Реал Мадрид. На пример, не знам ништо за продажбата на Кристијано Роналдо на Јувентус“, изјави Галијани за „Корере дела сера“.
Што ќе се случи и каков ќе биде епилогот на оваа трансфер сага, би требало да дознаеме во следните неколку дена.