Марадона со завршен заклучок за колапсот на Аргентина и осамениот Меси

Дерби

01/07/2018

15:45

4.666

Големина на фонт

а а а

Аргентина вчера и дефинитивно го заврши својот скромен и разочарувачки настап на Светското првенство во Русија, откако во осминафиналето налета на навистина расположен противник, а особено брилијантен играч во Килијан Мбапе.

„Гаучосите“ одиграа многу лошо уште во групната фаза и на крајот се провлекоа благодаерние на агоничната победа која ја остварија над Нигерија, но сепак во првата фаза од нокаут рундата наидоа на навистина квалитетен противник и во фантастичен меч загубија со 4:3.

Диего Армандо Марадона во текот на цел шампионат го критикуваше Хорхе Сампаоли и неговата неспособност да осмисли една фудбалска акција за Аргентина, а по дефинитивниот крај за Аргентина на Светското првенство, легендарниот Дон Диего излезе со завршен заклучок.

– Случувањата од вчера се завршеток за една најавена смрт. Се чувствувам навистина лошо, не можам да се помирам со тоа што Аргентина нема тим кој ќе прави големи резултати. Но, ова се насети уште при формирањето на тимот, уште при селектирањето на првиот тим за мечот со Франција. Павон, Меси и Ди Марија беа играчите кои требаше да го напаѓаат голот, но ниту еден не е финишер и не знае да се справи добро во шеснаесетникот. Немаа класичен напаѓач, играч кој ќе ги завршува акциите. Аргентина се самоуби со Франција, направи круцијална грешка што ги нападна Французите и му дозволи огромен простор на Мбапе, – порача Марадона во изјава за „Телесур“, повторно оправдувајќи ги перформансите на Меси.

– Видов дека Меси беше многу осамен, далеку од шеснаесетникот. Знаев дека ако го стават како „деветка“ ќе мора да ја бара топката, да ја конструира играта, да дава голови, да дефинира. Тоа не го може никој сам, тоа е илузија, – заклучи Марадона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг