Третиот и најголем аеродром во Истанбул наскоро ќе добие име: Реџеп Таип Ердоган!

Точка

28/06/2018

11:30

4.229

Големина на фонт

а а а

Третиот и најголем аеродром во турскиот град Истанбул кој ќе биде и еден од најголемите на светот, најверојатно ќе го носи името на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Оваа идеја ја предложи актуелниот министер за транспорт и комуникации на Турција, Ахмет Арслан.

Како што пренесуваат турските медиуми, министерот Арслан предложил новоизградениот аеродром во Истанбул кој ќе биде најголем во државата и еден од најголемите во светот да го носи името на актуелниот претседател на Турција поради неговиот придонес во развојот на Истанбул во последните 16 години.


Третиот и најголем аеродром во Истанбул ќе биде отворен во октомври оваа година, а во неговата изградба беа вложени вртоглави 12,5 милијарди евра.

Се проценува дека новиот аеродром во Истанбул ќе може да прими околу 200 милиони патници на годишно ниво, а најавено е дека секојдневно ќе бележи и до три полетувања и слетувања на авиони од речиси сите земји на светот.

Моментално најголемиот аеродром во Истанбул го носи името на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг