Единствена Македонија на Јанко Бачев преку соопштение ја поздрави, како што се вели, умноста на Европската комисија, која, како што додаваат од партијата, вчера со дипломатски фрази прочитани меѓу редови ставилa до знаење дека ја почитува реалноста и дека Македонија нема што да бара во ЕУ.
„Единствена Македонија изразува благодарност до европските бирократи во Брисел кои ја разбираат реалноста дека македонскиот народ и поголем број на граѓаните имаат јасно изразена намера за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија. Истовремено, останува горчливиот впечаток во изминатите 365 дена за очајничкиот обид на марионетската власт во Скопје за рушење на сè што е македонско поради нивни темни мотиви“, стои во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија повторно го реафирмираа ставот дека земјава ниту ќе стане членка на НАТО и ЕУ, ниту ќе го промени името и додаваат дека марионетската власт во Скопје со истрошувањето на нејзината употребна вредност ќе заврши на буништето на историјата.