Холандските десничари слават: Сенатот забранил носење на бурки, една членка порачала: Следниот чекор ќе биде драстичен

Точка

26/06/2018

20:13

4.029

Големина на фонт

а а а

Горниот дом на холандскиот парламент денес усвоил закон со кој се забранува носење на бурки кои го покриваат лицето во јавни згради како училишта, владини канцеларии, болници, како и во јавниот превоз.

"Reuters" потсетува дека долниот дом на холандскиот парламент го усвоил овој закон во 2016. година, по обидите за воведување на сеопфатна забрана на бурки и други велови кои го покриваат лицето. 

"AP" пренесува дека лидерот на холандската ултрадесничарска Слободарска партија, кој повеќе од една деценија се заложувал за забрана на бурката, денешната одлука ја нарекол "голема победа", додека сенаторката Марјолеин Фабер-Ван де Класхорст се надоврзала на антиисламската реторика на Вилдерс.

##https://twitter.com/Publimetros/status/1011618603827912704##

"Историски е денот затоа што ова е прв чекор кон деисламизација на Холандија. Тоа прв чекор, а наредниот чекор ќе биде затворање на сите џамии во Холандија", порачала Фабер-Ван де Класхорст.

"AP" наведува дека холандскиот закон е опишан како верски неутрален, и не е толку сеопфатен како оние во Франција и Белгија.