Лидерите на Европската Унија: Мигранти во Африка и на Балканот, грчкиот премиер Ципрас е против!

Точка

25/06/2018

14:43

3.401

Големина на фонт

а а а

Неколку лидери на Европската Унија го поддржаа планот за воспоставување приватни центри во северна Африка и на Балканот за мигрантите. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас повика на ревизија на европскиот систем за азил со цел товарот кој го создаваат бегалците да биде рамноправно распореден, истовремено спротивставувајќи се со предложеното воспоставување на центри за бегалци од "затворен тип", кој ќе се наоѓа надвор од Е.У.

16 лидери од 28 држави членки на Е.У. кои се одзвале на повикот на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер да присуствуваат на денешниот мини самит во Брисел, според АП, оствариле "искрени разговори" на овој итен состанок за миграција. 

Агенцијата наведува дека мини самитот бил заклучен со заедничка цел, додека Европската Унија се подготвува за седница која потенцијално може да биде од животно значење за нејзиното единство, со оглед на тоа дека самитот ќе се одржи во четврток на кој ќе присуствуваат сите членки на Е.У.


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека на денешниот самит со присутни 16 земји на Е.У. имаат добра волја за разговор за несогласувањата во внатрешноста на Унијата што се однесува за миграцијата.

Таа рекла дека учесниците на самитот се согласиле дека границите на Европа треба да бидат подобро заштитени со цел да се спречи луѓето илегално да поминуваат и нагласува дека земјите треба да го поделат овој товар.

АП наведува дека отворањето на центри за бегалци го поддржуваат Италија и Франција.

Премиерот на Шпанија изјави дека денешните разговори биле искрени и отворени, но додал дека сè уште нема никакви конкретни последици ниту заклучоци.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека бил задоволен со состанокот во Брисел.


"Му дадовме вистински правец на актуелната дебата. Се гледаме во четврток", порача Конте на Твитер.

Италија на мини самитот претстави план со кој тврди дека актуелните правила на Е.У поврзани за азил се застарени и парадоксални и со тоа ги повикува земјите на Унијата да го прифатат својот дел од економските мигранти кои влегуваат во блок или да добијат помалку пари од Брисел.


"Некои се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Европа да создадат политичка тензија и си поигруваат со стравот. Не смееме да му се препуштиме на тоа. Кога некој има право на заштита и азил, ние треба да му го овозможиме тоа", порача Макрон.


Агенцијата наведува дека Е.У. е поттикната со договорот наТурција со кој бројот на луѓе кои доаѓаат преку таа земја се намалил за 97 % од 2015 година, а сега е подготвена да му даде зелено светло на отварање на центар за контролни пунктови во Алжир, Египет, Мароко, Нигерија и Тунис, а исто така се разговара и за воспоставување на центар за прифаќње на мигранти во Албанија.

Макрон рекол дека методот кој ќе го усвојат ќе вклучува директна соработка со земјите транзити и матични земји кои се наоѓаат надвор од Европската Унија.

Макрон ја напоменал и Либија, која агенцијата ја нарекува главна отскочна точка кон Европа, како и другите африкански земји и Балканот. Францускиот претседател забележал дека бројката на мигранти значајно се намалила наведувајќи дека станува збор за политичка криза која Европа и Европската Унија ја преживува денес.

Ципрас против приватни центри за бегалци надвор од Е.У.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас на денешниот мини самит повика на ревизија на европскиот систем за азил со цел товарот кој го создаваат бегалците да биде рамноправно распореден, истовремено спротивставувајќи се со предложеното воспоставување на приватни центри за бегалци од затворен тип кои ќе се наоѓаат надвор од Е.У.


Се наведува дека Ципрас се заложил и за поголема поддршка на земјите на првиот прием во Европа, поддршка на транзит земјите и матичните земји како и за посилен европски механизам за враќањето на бегалците и воспоставување силни европски гранични и погранични стражи која би ги заменила пограничната агенција Е.У Фронтекс.

"Прашањето за миграција е прашање со кое Европа ќе мора да се соочува во годините кои доаѓаат", соопштил Ципрас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг