Објавени фотографии од Чезаре во Италија: На плажа е со својот татко и се смее

Точка

23/06/2018

16:14

5.019

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот портал "la-notizia.net" објавил фотографија од Чезаре и неговиот татко на плажа. На фотографијата се гледа како си играат и дека Чезаре се смее. Во другите медиуми бил објавени уште фотографии на кои се гледа и како Чезаре се дружи со други деца.

"Поздрав, Нина. Патувам со нашиот син, пријателите и семејството на патување кое од претходно го планирав со него. Кога ќе се вратиме ќе ти се јавам за да ги договориме сите детали околу гледањето. Чезаре е добро", гласела СМС пораката пратена до Нина Кулуз во четвртокот, пишува "la-notizia.net". 

Потсетуваме, минатата недела Чезаре со својот татко отпатувал во Италија откако тоа претходно веќе неколку пати било одложено.

Во февруари оваа година спроведувањето во Италија за Чезаре Авентаи било одложено поради безбедносни причини, додека пред точно една година спроведувањето било одложено бидејќи Алесандро Авенти не обезбедил преведувач на италијански јазик.

Нина Кулуз и Алесандро Авенати некое време имале заедничко старателство над детето кое требало да живее во Италија, а мајката имала право да го гледа секој ден. Нина побегнала од Италија и се криела во БиХ, потоа се вратила во Сплит, а таткото на детето два пати се обидел да го врати синот во Италија.

Мината година во јуни пред нивната куќа бил организиран голем протест во кој се барало откажување на спроведувањето над детето. Спроведувањето било одложено бидејќи таткото не обезбедил преведувач. Во меѓувреме на италијанскиот суд мајката го изгубила старателството над детето, поради киднапирањето на синот била осудена на три години и четири месеци затвор, а обврзана е на Алесандро да му исплати оштета од 50.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг