Одлуката да им се суди на Чавков и пратениците е политичка, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

23/06/2018

12:47

1.354

Големина на фонт

а а а

Правосудството уште еднаш покажа дека е алатка на власта. Одлуката на кривичниот совет при кривичниот суд за прифаќање на обвинителниот акт, не е базирана на правна аргументација, туку на политичка присила, обвини ВМРО-ДПМНЕ, по вчерашната одлука на судот да го прифати обвинението за тероризам против ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и петмина пратеници за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

„Обвинението против десетината патриоти е еден од многуте процеси со политичка заднина и една од причините поради кои видни земји членки на ЕУ во нон пејперот јасно укажуваат дека во Република Македонија има партизирано судство. Партизираното судство е главната одлика на заробената држава. Картелот на власт на чело со Коте Заев го користи партизираното судство за пресметка и заплашување на неговите политички неистомисленици и против секој еден граѓанин кој сака да се спротивстави на антидржавните политики на оваа влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, обвиненијата за тероризам на пратеници и уметници е политичка нарачка на Коте Заев за внесување страв и дефокусирање од промената на името.

Политичкиот прогон, велат од таму, е видлив уште од самиот почеток на процесот, кога спротивно на сите правни процедури беа лишени од слобода, факт кој, како што велат, беше констатиран и од Народниот правобранител и Комесарот за човекови права на Советот на Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг