Градските власти во белгиски град ќе отвараат мега бордел во зграда која е културно наследство

Точка

22/06/2018

20:46

2.984

Големина на фонт

а а а

Во напуштен хангар кој поради својата архитектонска вредност има статус на заштитено културно наследство, градските власти на белгискиот град Остенде отвараат мега бордел. Всушност, градските власти нема да ја водат јавната куќа, туку тоа ќе биде задача на приватна компанија, но станува збор за заеднички проект, чија цел на градските власти е да го исчисти постоечкиот "Red Light District" и да го пресели во повеќе прикладни услови.

Предвидено е дека во "Љубовниот хангар" ("Hangar d'amour") ќе има барови и пивници, а самата најава за проектот ги ужасна невладините организации кои споменетата зграда сакале да ја претворат во музеј посветен на поморството. 


Инаку, проституцијата во Белгија е легална од 1995 година, а се проценува дека со најстариот занает се занимаваат дури 26.000 жени, меѓу кои 80 % од нив се жртви на трговија со луѓе и организиран криминал.


Но, и покрај црната бројка, градоначалникот на Остенде, Јохан Ванд Ланот вели дека овој проект и тоа како има смисла и дека новата локација ќе претставува безбедно опкружување за сексуалните работнички.

"Условите ќе бидат подобри, а криминалот полека ќе се елиминира. Ќе се отвори и здравствен центар, а предвидено е место и за полиција", вели градоначалникот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг