ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да почне да спроведува свои наместо да се фали со проектите што друг ги овозможил

Макфакс

22/06/2018

16:39

1.066

Големина на фонт

а а а

Повеќе од една година Владата на СДСМ се фали и ги претставува како свои проектите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат денеска од опозициската партија.

„Патот Ранковце-Крива Паланка е во должина од 26 километри и неговата изградба беше поделена во две фази. СДСМ, наместо да се фали со проектите што друг ги овозможил и започнал, треба да одговори на граѓаните каде се ветените 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека граѓаните не смеат да бидат манипулирани бидејќи тие знаат кој колку направил за Република Македонија.

„Повеќе од една година Република Македонија стагнира на инфраструктурен план. Десетиците автопати и експресни патишта кои беа во тек на градба од времето на ВМРО-ДПМНЕ беа запрени без причина речиси цела година. СДСМ нема капацитет да создава и гради. Единствен проект што СДСМ го направи на полето на инфраструктурата е организирањето чочек во тунелот на автопатот што ВМРО-ДПМНЕ го направи“, велат од опозициската партија.

Воедно, истакнуваат дека Република Македонија не смее да продолжи во овој правец и мора да се врати на патот на просперитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг