Цврстата Костарика падна во судиското продолжение: Кутињо и Нејмар донесоа голема радост за Бразил

Дерби

22/06/2018

16:22

899

Големина на фонт

а а а

Петкратниот светски шампион Бразил со доста мака дојде до првата победа на мундијалот во Русија и тоа над селекцијата на Костарика.

„Кариоките“ никако не успеваа да најдат решение за противникот кој цврсто се бранеше цели 90 минути за да во судиското продолжение два пати потклекне. Резултатот го отвори членот на Барселона, Филипе Кутињо во 91 минутата за да пред последниц свиреж трите бода ги потврди Нејмар на асистенција на Коста.

Сега „кариоките“ имаат четири бода и се на врвот на табелата, додека пак за Костарика остаува само да го доигра третото коло против Швајцарија која пак вечерва ќе излезе на мегдан со Србија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг