Тинејџерите од Грција со бејзбол-палки влегле во хотелот на младите македонски ракометари

Макфакс

22/06/2018

16:04

4.794

Големина на фонт

а а а

По тепачката со ракометарите од Школата на Андријана Будимир, грчките тинејџери вечерта со палки и други предмети повторно се обиделе да се пресметаат со македонските ракометари влегувајќи во хотелот во кој престојувале, но полицијата навреме интервенирала и спречила уште еден конфликт помеѓу двете групи, дознава „Макфакс“.

По тепачката, младите македонски ракометари не ги информирале Андријана Будимир и другите инструктори за настанот, тие дознале дури вечерта кога групата грчки тинејџери пристигнале во нивниот хотел за повторно да се пресметаат со македонските ракометари. Немилите настани поминале без кривични и прекшочни пријави. Целиот тим, поради тепачките, ракометниот камп го напуштил еден ден порано.

Од Министерството за надворешни работи велат дека сè уште немаат информации за настанот, што, всушност, се случил пред четири дена.

„Засега не знаеме што се случило, известувањето за каков било случај на македонски државјани во странство мора да оди по официјален пат, моментно ја проверуваме информацијата, ќе ве известиме кога ќе имаме детални информации“, вели портпаролот на МНР, Јане Лазевски.

Инаку, во точка 4, член 6 од потпишаниот договор со Грција за решавање на проблемот за името стои дека со цел зајакнување на пријателските билатерални односи секоја од страните веднаш ќе преземе ефикасни мерки за забрана на непријателски активности, дејства или пропаганда од страна на државни агенции или агенции што се директно или индиректно контролирани од државата и да ги спречи активностите што може да предизвикаат шовинизам, непријателство, иредентизам и ревизионизам против другата страна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг