Меланија ја згрозила јавноста по посетата на "детскиот логор": Сите се шокирани од пораката на нејзината јакна, што сакала да каже првата дама

Точка

22/06/2018

12:08

3.055

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот рекол дека неговата сопруга Меланија е на границата со Мексико во обиколка на центарот за деца мигранти, по бурните реакции на јавноста поради одвојувањето на децата од родители, кои илегално влегле во САД.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се нашла на мета на критики поради јакната со натпис "Навистина не ми е гајле, а тебе?", која ја носела при посетата на центарот во Тексас, каде биле сместени децата мигранти. 

Станува збор за јакна од "Zara" од 39 долари, а натписот предизвикал бурни реакции на социјалните мрежи.

Портпаролката на Меланија Трамп рекла дека не постои скриена порака во изборот на облека на првата дама. По овој повод се огласил и американскиот претседател Доналд Трамп, кој тврди дека пораката на јакната на неговата сопруга се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести.

"Натписот "Навистина не ми е гајле, а тебе" на јакната која ја носеше Меланија се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести. Меланија сфати колку се нечесни", напишал Трамп на Твитер.

Меланија Трамп била фотографирана со јакната при влегувањето во авион и во автомобил. Таа не била видена да ја носи јакната кога пристигнала во Тексас, но ја имала на себе кога се враќала во Вашингтон.

Меланија Трамп го обиколила прифатилиштето за деца во Мекален, ден откако нејзиниот сопруг ја потпишал извршната уредба, со која на имигрантските семејства, кои илегално ја минуваат границата на САД, им се овозможува да останат заедно додека чекаат на резултатот од имиграционата постапка.

Во тој центар престојуваат 55 деца на возраст од 5 до 17 години од Хондурас и Ел Салвадор. Само шест од нив биле одвоени од родителите, а останатите пристигнале како малолетници без придружба. Првата дама побарала децата да бидат обедините со своите семејства што побрзо.

Трамп, и покрај тоа што ја потпишал уредбата, нагласил дека ќе продолжи политиката на "нулта толеранција", која подразбира кривично гонење на сите возрасни лица кои ќе бидат фатени како ја минуваат границата илегално.

Патот во Тексас е најважното појавување на првата дама во јавноста по операцијата бубрегот на 14. мај. Трамп во четвртокот објавил дека издал упатство до сојузната агенција да почне со спојување на семејствата со децата кои биле раздвоени на американско-мексиканската граница.

"Не е шега. Меланија Трамп носеше јакна со порака "Навистина не ми е гајле, а тебе" кога одеше во центарот за деца. Немам зборови", објавил на Твитер Зак Петканас, член на демократската партија.

На Твитер се заредиле прашања и најразлични гледишта, а некои велеле дека можеби пораката е за нејзиниот сопруг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг