Шест дена после свадбата дознал дека го изневерува, па ја посрамоти на социјалните мрежи

Точка

20/06/2018

21:32

17.917

Големина на фонт

а а а

Енди Мичел од Шкотска го продава венчалниот прстен по пат на Интернет откако неговата 19 години помлада сопруга со која беше само 16 дена во брак, го напушти поради друг маж. Но, покрај тоа тој одлучи да ја понижи на социјалните мрежи со пораките кои му ги праќала на љубовникот.

На 3 јуни, тој и неговата сопруга Меган се венчале во Мексико, а церемонијата вредела многу пари. Меѓутоа, сè тргнало во друг правец откако Енди само шест дена после венчавката дознал дека неговата жена го изневерува со маж кој наводно го запознала на нејзината моминска вечер. 


Енди откако дозна за аферата на сопругата, на Интернет ги објави фотографиите од прстенот за кој бара повеќе од 400 фунти. После тоа, ги објави и пораките кои ги разменувала Меган со другиот маж во кои се гледа дека се договоруваат за средби.


Меган му признала дека го остава за друг маж, но тврди дека со тој човек прв пат спиела откако се омажила за Енди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг