Единствена Македонија: Бачев спречен да зборува пред Собрание од членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

20/06/2018

13:56

3.471

Големина на фонт

а а а

Дваесетина млади лица од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, од кои дел во видно алкохолизирана состојба, синоќа го спречија претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, да се обрати на собирот за одбрана на името пред Собранието како единствен предвиден говорник, соопшти партијата.

„Единствена Македонија го има идентитетот на пет лица од групата што се во органите и телата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во неколку скопски општини. Во еден момент постоеше сериозна опасност насобраниот народ да се пресмета со агресивните лица од УМС на ВМРО-ДПМНЕ поради што советничкиот тим на претседателот Бачев одлучи да ја смири ситуацијата и да не се обрати на настанот, а говорници да бидат само граѓански активисти“, се додава во соопштението.

Единствена Македонија ги повикува ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски да се вразумат, да ги остават настрана суетите, политичките калкулации и партискиот рејтинг и целата енергија заедно и сплотени со македонскиот народ да ја насочиме во семакедонската народна борба против марионетската власт во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг