Австријците ги протеруваат и вахабистите: Депортација на сите проповедачи на радикализмот, се распушта и Арапската верска заедница!

Точка

20/06/2018

12:39

6.323

Големина на фонт

а а а

Австриската влада неодамна одлучи да затвори седум џамии и да протера околу 40 имами во рамките на борбата против „политичкиот ислам“ и странското финансирање на верските заедници.

Арапската верска заедница имено во Австрија контролирала шест џамии, а како што порачаа австриските власти, сите имами кои што сакаат да го манифестираат салафистичкото лудило како наводна верска пракса и за тој вид на радикализам да дообиваат пари од други држави, првенствено од Турција и арапските земји, ќе мора да се вратат таму од каде што дошле.

Според босанскиот безбедносен експерт Џевад Галијашевиќ оваа одлука на австриските власти најмногу ќе ги погоди босанските вахабисти, затоа што е распуштена Арапската верска заедница, нивниот главен извор на приходи.

Според Галијашевиќ, затворањето и на турската џамија во Виена, како и да го претстави Ердоган во јавноста, сепак тоа не е израз на исламофобија, ниту нова војна на „крстот и полумесечината“, туку израз на свеста за потребата од превземање на одговорност за безбедноста на земјата, а во донесувањето на таквите одлуки на владата на Курц, вклучени биле и многу субјекти на Исламот во Австрија.


Галијашевиќ вели дека Исламската заедница во Австрија е најмодерната кровна организација на муслиманите во една европска земја, а една од најважните задачи е едукација на муслиманите од најрани години.

Така, во Виена уште пред 15 години е основана првата исламска гимназија, а во гимназијата денес учат над 600 деца од 18 години. Во рамките на гимназијата има и простории каде што децата одат на молитва. Но, покрај верата, таму се изучува и модерната наука и има критички осврт на религиските догми, па затоа многумина сметаат дека во Австрија се создава една нова генерација на европски муслимани.

Галијашевиќ открива дека според последниот попис, австриско државјанство имале 96,052 муслимани од дури 500 илјади кои што живеат и работат во Австрија. Токму поради гимназиите и џамиите финансирани од странство кои што ги радикализираат младите, бројката на натурализирани константно се зголемува, посебно кај Бошњаците и Турците.


Босанскиот експерт укажува на тоа дека австриските експерти заклучиле дека во Австрија има ризичен тренд на зголемување на бројот на оние кои што се конвертирале во Ислам. Поради тоа, најновиот потег на Виена е голем удар врз исламската заедница во Австрија. Потсетува и на тоа дека австриската влада во 2015-та година донела нов закон кој за муслиманите е помалку поволен од законите во времето на Австро-унгарија.

Токму поради тој закон, австриската влада одлучи да затвори една турска џамија и да ја распушти Арапската верска заедница која што управуваше со шест џамии ширум државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг