ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција спроведува модерен геноцид врз македонскиот народ

Макфакс

20/06/2018

10:24

1.068

Големина на фонт

а а а

МАКЕДОНИЈАВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција спроведува модерен геноцид врз македонскиот народОбјавено пред 12 минути - 20 јуни, 2018Од Mak Fax Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, ја донесоа Република Македонија во потчинета положба, наведуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму истакнуваат дека капитулантскиот договор кој го потпишал Заев е понижувачки за целата држава.

„Правата вистина е дека иденитетот не е зачуван. Зоран Заев го брише терминот Македонија. Грчкиот премиер Ципрас соопшти дека договорот не признава постоење на македонска националност, а Заев не негираше. Овој договор спроведува модерен геноцид. Заев го ограничува јазикот и иднентитот, што е во спротивност со меѓународните конвенции“, стои во партиското соопштение.

Од опозициската партија велат дека Заев ги понижил институциите и го погазил Уставот, законите и процедурите.

„Ратификацијата на договорот во Собранието без дискусија во Комисијата за надворешни работи е во спротивност со процедурите и претставува злоупотреба на европското знаменце. Заев вчера призна дека договорот предвидува промена на личните карти, пасошите, смена на сите институции што го содржат зборот Македонија. Капитулантскиот договор на Заев нема да донесе подобар живот, државата повеќе ќе тоне поради неспособната влада, а срамниот геноцид ќе се памети“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Отааму нагласуваат дека договорот создава само обврски за земјава и дека Република Македонија е оштетена страна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг