ВМРО-ДПМНЕ: Заев е цунами кое создава економски и политички пустош

Макфакс

19/06/2018

21:14

1.770

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев продолжува со дрските и груби манипулации. Тој е новиот Барон Михаузен кој мисли дека со лаги и измислици ќе може да ја дефокусира јавноста од капитулантското дело. Иако јавно ветуваше дека нема да дозволи промена на Уставот, не само што прифати негова промена, туку и самиот грчки премиер Ципрас изјавува дека македонска националност не се признава со договорот. Тоа значи дека со договорот се задира и менува идентитетот на македонскиот народ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Зоран Заев не го демантираше ниту грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас кој кажа „не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена”. Ова значи дека со договорот се прифатени сите грчки барања. „Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, министерства, државни органи, МАНУ, личните карти, пасошите. Зоран Заев е националната катастрофа за Република Македонија, цунами кое создава економски и политички пустош“, велат од партијата.

Тие додаваат дека резултатите на работата на оваа влада се викаа 0 отсто раст, додека сите економии во Европа одат напред. Граѓаните живеат осиромашени со огромни средства кои владата ги зема преку зголемената акциза на горива. Од џебот на граѓаните директно во буџетот на владата која има потпросечно ниски инвестиции поради што нема економски развој.

„Со Заев Македонија има најголем јавен и државен долг во својата историја и тоа е потврдено. Заев во изминатата година покажа дека оваа влада не сработи ништо, и веќе е докажано дека нема да биде подобро, ниту за граѓаните ниту за државата. Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи“, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг