Атлетико Мадрид поради Гризман на Барселона ќе треба да ѝ плати 20 милиони евра

Точка

19/06/2018

17:01

2.633

Големина на фонт

а а а

Францускиот напаѓач одлучи да остане во Атлетико Мадрид и со мадридскиот клуб тој ја продолжи соработката до 2023-та година.

Многумина веруваа дека Ентоан Гризман ова лето ќе се пресели во Барселона, но сепак Французинот пред неколку дена потврди дека и идната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Денес, шпанските медиуми пренесуваат дека Гризман имал преддоговор со Барселона, па сега откако ја променил одлуката, Атлетико Мадрид ќе мора да ѝ плати обесштетување на Барселона. Наводно, мадридскиот клуб на Каталонците ќе мора да им исплати околу 20 милиони евра затоа што Гризман го прекршил преддоговорот.

Поради тоа, наводно ќе се промени и годишната плата на Гризман кој што требаше да заработува 23 милиони евра по сезона, а поради преддоговорот ќе заработува 19 милиони евра по сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг