Единствена Македонија: Новинарските платеници треба да знаат дека Бачев не се криеше, туку војуваше против хунтата на Заев

Макфакс

19/06/2018

13:26

1.437

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија преку соопштение реагира на вчерашните, како што велат од партијата, лаги на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, преку своите новинарски платеници во партиските портали „Денешен“, „Курир“, „Република“ ширел подмолни лаги дека претседателот, Јанко Бачев, побегнал од завчерашниот митинг пред Собранието, па бил човек на Заев, па, излегол неповреден од протестот.

„Ние сме свесни за очајот на овие новинарски јаничари и платеници, претходно на Груевски, сега на Мицкоски, зошто ги шират ваквите лаги, свесни дека членството не ВМРО-ДПМНЕ масовно ги напушта предавничките политики на на нивните ментори од раководството на ДПМНЕ. За разлика од платениците од порталите на ДПМНЕ, ‘Денешен’, ‘Курир’, ‘Република’, кои бараат и ликуваат за морбидни сцени со повредени лица на протестот, ‘Единствена Македонија’ не посакува на било кој протест да има повредени, како што имаше на сенародниот митинг пред Собранието со употреба на бруталната и незаконска сила од полицијата“, се наведува во партиското соопштение.

Од „Единствена Македонија“ велат дека целиот македонски народ бил сведок оти пред Собранието првата испукана шок бомба и првиот солзавец од полицијата биле фрлени токму врз претседалот Бачев, кој правел обиди да го запре полицискиот хермелин.

„Возилото тргна да го гази народот и притоа претседателот Бачев се здоби со сериозни повреди за што беше хоспитализиран во една скопска болница“, појаснуваат од партијата.

Додаваат и дека за разлика од, како што велат, новинарските платеници на Мицкоски кои од безбедна дистанца во своите домови го следеле протестот и чекале инструкции од Центарот за комуникации, претседателот на „Единствена Македонија“ бил со македонскиот народ цела вечер пред Собранието и војувал со марионетската власт во Скопје по цена на своето здравје и живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг