Уапсен лидер на банда криумчари на мигранти преку Западен Балкан

Макфакс

18/06/2018

18:58

1.492

Големина на фонт

а а а

Неговото седиште било во Унгарија, а бил вмешан во транспорт на мигранти во 2015 и 2016 година. Како што се наведува, во тоа време бил под истрага на бројни држави-членки на ЕУ, поради неколку инциденти меѓу Унгарија и Германија.

Во Грција уапсен е лидер на банда криумчари на луѓе, кој, според информациите, бил вмешан во бројни криумчарења на западнобалканската рута од почетокот на кризата во 2015 година. Инаку, според информациите, се работи за државјанин на Србија, кој е уапсен на 12 јуни во Атина, заедно со соучесник, кој е вмешан во изработка на лажни документи, благодарение на заедничката акција на грчката и унгарската полиција и Европол.

Со истрагата било утврдено дека се преселил во Грција, по затворањето на западнобалканската рута, за да продолжи да се занимасва со криминални дела, поради што било распишана потерница по него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг