Абитебул смета дека горивото му штети на Ред Бул

КРУГ.МК

18/06/2018

15:11

1.650

Големина на фонт

а а а

Сирил Абитебул смета дека Ред Бул не го користат целосниот потенцијал на моторот поради горивото кое го користат. “Биковите“ имаат договор со ексон Мобил, додека останатите две екипи со тој мотор, фабричкиот Рено и Мекларен, користат производи на БП и Кастрол.

БП и Кастрол донесоа подобрено гориво за Шпанија по што Рено и Мекларен напредуваа во однос на перформансите, нешто што не беше видливо кај Ред Бул.

„Потајно се надевав дека Ред Бул ќе добијат шанса да победат, беа многу, многу блиску до тоа, но очигледно недоволно блиску. Доаѓа повеќе и ќе имаат повеќе време да поработат на горивото“, изјави шефот на Рено, Сирил Абитебул.

Французинот појасни дека иако трите екипи имаат идентичен мотор на располагање, кога се работи за горивото, не може да наметнат ништо.

„Тоа е јасно, гарантираме еднакви перформанси на тоа што можеме да контролираме, хардверот и софтверот. Но, ништо повеќе од тоа затоа што самите го одбираат маслото и горивото од стратешки и комерцијални причини си наоѓаат свој партнер, ние го цениме и хомологизираме нивниот производ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг