Таткото на Меган Маркл открива: Принцот Хари ми рече да му дадам шанса на Трамп! Мислам дека го поддржува

Точка

18/06/2018

14:41

2.496

Големина на фонт

а а а

Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, откри дека британскиот принц Хари го замолил „да му даде шанса на Трамп“, што според многумина значи дека принцот го поддржува американскиот претседател.

Како што рече во интервјуто „Добро утро, Британијо“, Томас откри дека Хари најверојатно има доста позитиво мислење за американскиот претседател Доналд Трамп од тоа што се мислеше, со оглед на тоа што принцот му рекол „да попушти малку со критиките кон Трамп“.

„За време на нашиот разговор се пожалив дека не ми се допаѓа Доналд Трамп, а тој ми рече „Дај му шанса на Трамп“. Не се согласив со него, но и натаму го сакам Хари. Тоа беше негов политички став, а јас имам свој“, изјави Томас Маркл.

Запрашан дали Војводата од Сасекс е фан на Трамп, Маркл изјави: „Се надевам дека сега не е, но во тоа време изгледаше така“.

Тој истакна дека е во контакт со Хари и дека се слушнале на телефон повеќе пати, вклучувајќи го и моментот кога Хари ја побарал раката на Меган. После ова, Томас откри уште една контроверзија во врска со ставовите на Хари, затоа што, како што рече, добил впечаток дека принцот е „отворен кон експериментот“ на напуштањето на Велика Британија на Европската унија.

Исто така, Томас Маркл додаде дека е тажен што ја пропуштил церемонијата на венчавањето, но исто така нагласи дека е горд на својата ќерка.


„Тешки ми бешее што го гледав тоа, а не бев таму, но истовремено, мојата ќерка ја гледаше целиот свет. Сите ја гледаа мојата ќерка. Не можев да бидам повеќе горд од тоа“, изјаави Томас и додаде дека на венчавката не можел да има подобра замена од принцот Чарлс, иако тој сакал да ја држи за рака својата ќерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг