ВМРО-ДПМНЕ повика на протести утре во Битола

Макфакс

17/06/2018

10:35

1.641

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ повика на протестен марш во Битола, утре во 13.30 часот, каде свое обраќање ќе има и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека протестите ќе започнат пред спортската сала во Битола, преку Широк Сокак до Домот на културата, пред споменикот на Гоце Делчев.

Протестите ќе се одржат на денот на потпишувањето на договорот со Грција, што ќе се случува во Преспа од грчка страна, по што ќе следат средби и ручек на македонска територија. Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг