Агуеро со поддршка за Меси: И тој е човек…

Дерби

17/06/2018

09:10

2.357

Големина на фонт

а а а

Аргентина не го оправда статусот на фаворит и одигра само реми од 1-1 против Исланд во меч во кој нивниот капитен Лионел Меси промаши пенал за победа. Меси не успеа да го совлада исландскиот голман Халдорсон кој го прочита неговиот удар и на „рибарите“ им донесе бод.

Оваа утка и пропуштена шанса направи Меси лошо да се чувствува, но тој ја има максималната поддршка од соиграчите кои многу добро знаат за што е способен фудбалерот на Барселона.

-Лео е нормален, тој е човек. Сега мораме да бидеме со него, знаеме дека во секој момент да одлучи натпревар. Првата средба секогаш е тешка, Аргентина сака да победи против секого. Се надевам средбата со Хрватска ќе биде подобра, -порача Серхио Агуеро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг