Денес е многу тешко да се пронајде квалитетен партнер или барем така изгледа кога ќе сме опкружени со оние “погрешните“. Затоа за денес ви издвоивме одредени карактеристики кои би требало да ги има оној “вистинскиот“, а со помош на нив препознајте го тој со кого ќе можете да го планирате Вашиот живот.
Понекогаш изгубени во толпата на луѓе и животните искуства, тешко е да го препознаеме оној “вистинскиот“. Затоа проследете ги овие знаци кои сигнализираат дека тој е оној кој ја заслужува Вашата љубов и внимание.
Неквалитетните партнери обожуваат да го тресат тлото под нозете на жената, така што ќе знаат дека таа трепери поради нив. Додека пак, квалитетните партнери со своите гестови на жената и влеваат сигурност.
Логиката во главата на мнозинството од мажите вели дека нивното џентлменско однесување мора да резултира со некаква награда.
Квалитетните мажи се џентлмени затоа што тоа однесување им доаѓа природно.
Можеби тој нема да го запомни секој детал за Вас, но квалитетниот партнер ќе се потруди да ги знае поголемиот дел од работите коишто ви се важни. Неговото слушање покажува дека тој навистина ве почитува и цени.
Мажите кои пред своите девојки се однесуваат на еден, а пред пријателите на сосема друг начин не заслужуваат да бидат сместени во категоријата на квалитетни партнери. Квалитетните партнери не чувствствуваат срам доколку нивните пријатели забележат дека тој е заљубен.
Квалитетниот партнер не се плаши од ранливост и отворено покажува сѐ што чувствува. Неквалитетните партнери честопати глумат дека им е сеедно.