Вилшир донел конечна одлука за својата иднина во Арсенал по разговорот со Емери

Дерби

16/06/2018

17:33

1.569

Големина на фонт

а а а

Повремениот англиски репрезентативец, Џек Вилшир донел конечна одлука за својата иднина во Арсенал, пренесуваат медуумите на островот.

На Вилшир актуелниот договор му завршуваше на крајот на овој месец, но клубот му понуди продолжување на соработката, сума која изнесуваше 110.000 фунти неделна плата, плус бонус од 65,000 фунти ако тој игра и тимот победува. Ова значеше дека играчот од средината на теренот може да дојде до цифра од 175,000 фунти на неделно ниво, но пред да ја донесе конечната одлука Вилшир побарал состанок со новиот тренер Унаи Емери.

Емери го информирал дека ќе нема гарантирано место во стартната формација, а ова за Вилшир било знак да донесе одлука за заминување од „Емирејтс“. Кандидати за неговиот потпис има многу (Волвс, Вест Хем, Евертон, Јувентус, Милан..), па останува да видиме за која опција ќе се одлучи 26-годишнот фудбалер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг