Новинарот изнел тврдење во полицијата: "Ме киднапираа луѓе со фантомки, сакаа да ме однесат во Романија"

Точка

16/06/2018

17:16

5.446

Големина на фонт

а а а

Новинарот Стефан Цветковиќ, чие исчезнување е пријавено вечерта меѓу средата и четвртокот, тврдел во петокот во просториите на Управата за криминалистика во српското МВР, дека го киднапирале непознати лица, чии лица не ги видел, и кои, наводно, сакале да го префрлат во Романија.

"Тврдел дека од автомобилот го извлекле непознати лица со фантомки и дека кон него не биле груби. Не го тепале, ниту гладувал. Анализата на траговите од неговиот рачен часовник, пронајден пред напуштеното возило, не покажала ДНК на други луѓе. Ниту во автомобилот, според досегашните резултати, нема сомнителни трагови", пишува "Novosti". 

Според оперативните сознанија, како што се наведува, Цветковиќ пред десетина дена бил во Приштина во друштво на познат бизнисмен од источна Србија. Со него, непосредно пред мистериозното исчезнување, најмногу комуницирал, директно и преку пораки. Одредени разговори имал и со телефонски број кој бил лоциран во Приштина, а забележани биле и разговори со непознати луѓе од Македонија.

Од моментот кога било пријавено неговото исчезнување, сите телефони на Цветковиќ биле исклучени, а ги има неколку. Во текот на оперативната работа, пресретнати биле неколку разговори со лица со кои одржувал контакт, чија суштина била дека е жив и здрав, односно дека ништо не му се случило.

"Тој има приказна дека му се заканувале поради сознанијата кои ги изнел за убиството на Оливер Ивановиќ, па дури и дека го киднапирале луѓе кои биле вмешани во тоа злосторство", пишува "Novosti".

Полицијата, во соработка со БИА, се обидува да го реконструира целиот случај, а се проверуваат и неговите контакти.

Завршено давањето на изјави

Цветковиќ доцна вчера завршил со давање на изјава во Управата на криминалистичката полиција во Белград, и засега не е осомничен, туку се третира како оштетена страна.

Тој дал изјава во својство на граѓанин, а записникот и изјавата и останатите докази ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство во Вршац.

Вучиќ: Има многу нелогичности

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес на вонредна конференција за новинари навел дека имало многу чудни и нелогични работи во овој случај. Тој нагласил дека многу работи биле наместени на местото каде бил пронајден неговиот автомобил.

"Веднаш се посомневавме во верзијата која се појави во многу медиуми. Немаше никакви траги на борба. Часовникот на местото кај автомобилот беше пластичен, многу поевтин од часовникот кој Цветковиќ го носеше неколку дена претходно. Кучињата трагачи не намирисаа крв, полицијата не пронајде ништо", навел Вучиќ.

Рекол дека биле дешифрирани 18 повици со Приштина, како и уште кој знае колку повици упатени кон други територии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг