Марионетската власт во Скопје е во очајнички да ја уништи цела Македонија за само 365 дена од своето владеење, сметаат од партијата Единствена Македонија.
„Утре во Преспа, македонските јаничари и одродени македонци со изгубено национално чувство по налог на своите странски газди ќе потпишат таканаречен договор со Грција за името составен на приватната забава на Заев и Ципрас. Таканаречениот договор за името е без правно дејство бидејќи е спротивен на домашното и меѓународното право и затоа новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор. Се ближи моментот кога Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници, а сите кои учествувале во националното предавство со промена на името нема да стигнат ниту до границата при нивниот обид за бегство од државата“, соопштуваат од партијата.