Трамп воодушевен од пропагандата на Северна Корјеа, а посебно го воодушевила една Корејка која Ким посебно ја цени

Точка

16/06/2018

14:06

2.299

Големина на фонт

а а а

Оваа анегдота ја објавил "Washington Post" повикувајќи се на неименуван извор.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофалил главната ТВ презентерка на вестите која во документарецот за патување на севернокорејскиот лидер во Сингапур ги фали достигнувањата на "големиот лидер". 

Додека во документарецот се менувале највпечатливите глетки од самитот во Сингапур и средбата на Ким и Трамп, женскиот глас срдечно зборувал за својот лидер и неговите политички победи.

Трамп по средбата со Ким зборувал позитивно и за пропагандата на Северна Кореја. Ова не минало незабележано од страна на американските, но и светските медиуми.

На сите им е познато дека Трамп нема добар однос со медиуми дома и често ги обвинува за ширење на "лажни вести".

Според тие информации, Трамп наводно истакнал дека таа жена би требало да добие работа не некоја од американските телевизии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг