Попладне протест пред грчкиот парламент за договорот со Македонија

Макфакс

16/06/2018

13:17

966

Големина на фонт

а а а

Во 16 часот по локално време, ќе се одржи нов протест пред грчкиот парламент, под мотото „Состанок со историјата“, во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.

Тие ја повикуваат „цела Грција на Синтагма“ и велат: Ако не сега, кога? Ако не ние, кои? 

Во текот на вчерашниот ден се одржаа протести пред грчкиот парламент, утринскиот беше нешто помасовен од вечерниот, но во никој случај собирите на кои немаше над 1000 луѓе, не наликуваа на масовните демонстрации што во јануари и во февруари се одржаа во Солун и Атина. 

Организаторите најавуваат нов протест за утре во Преспа, за време на потпишувањето на договорот меѓу двете земји. Преку туристички агенции, организиран е автобуски превоз од многу градови во Северна Грција, а цените се од 5 до 15 евра во зависност од локацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг