Очигледно Меган Маркл знае добро да ја насмее кралицата, но за прв пат се појави без Хари и заборави на протоколот со кралицата

Точка

15/06/2018

11:37

7.833

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл полека го освојува срцето на британската кралица Елизабета Втора, со оглед на тоа дека синоќа за прв пат се појавија на еден настан, а според фотографиите очигледно и добро си поминаа. Имајќи во предвид дека само после еден месец од нивната венчавка, Меган доби покана од кралицата да ѝ се придружи на патувањето со кралскиот воз, започна да се предвидува дека кралицата повеќе ја сака Меган, отколку Кејт.

Двете дами синоќа беа дел од отворањето на културниот Центар во Чешир, разговарале, се смешкале и судејќи по фотографиите добро се сложувале. 


Британската кралица во јавноста секогаш е сериозна, но Меган успева добро да ја насмее. Британците пишуваат дека очигледно за краток временски период станале многу блиски, а тоа не треба да биде чудно, бидејќи јавна тајна е дека Хари е омилениот внук на кралицата.


Сепак, на Меган ѝ се случи мала непријатна ситуација кога требаше да влезат во автомобилот. Односно, Меган ѝ даде предност на кралицата за да влезе, но според протоколот кралицата треба да влезе последна за да може потоа да излезе прва.





Спонзорирани линкови

Маркетинг