Роби Вилијамс во текот на отворањето на Светското првенство покажал среден прст кон камерата

Точка

14/06/2018

18:01

5.875

Големина на фонт

а а а

Пејачот Роби Вилијамс во текот на настапот на отворањето на Светското фудбалско првенство го покажал средниот прст кон камерата.

Британската суперѕвезда и голем фудбалски фан неодамна изјавил дека пеењето на отворањето на Светското првенство за него е "остварување на детските соништа", а токму поради тоа неговиот потег пред првиот натпревар помеѓу Русија и Саудиска Арабија изненади многумина. 

Ваквиот потег веднаш предизвикал лавина од реакции, а многумина го нарекле идиот. "Роби Вилијамс само што покажа среден прст пред милијарда луѓе", "Зошто би го направил тоа" и "Каков идиот" се само дел од коментарите кои се појавија на социјалните мрежи.

Инаку, Вилијамс ги разбесни Русите пред две години кога го објави синглот наречен "Party Like a Russian", а многумина му замериле поради стереотипот кој тој го отпеал. Исто така, пред една година Роби на шега се понудил да ја претставува Русија на тогашната Евровизија која се одржа во Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг