Читач на усни го открил тајниот разговор меѓу Ким и Трамп, но и посебната тактика на американскиот претседател

Точка

14/06/2018

17:27

4.878

Големина на фонт

а а а

Буквално неколку секунди откако се сретнале на самитот во Сингапур, Доналд Трамп му понудил пијачка на Ким Јонг Ун, открил читач на усни за британски "Sun".

Како што наведува британскиот весник, по анализата на фотографиите и снимките направени без тон, Трамп го искористил својот шарм, кој му помогнал да направи бизнис империја. Дарен Сотон, читач на усни и експерт за говор на тело, кој ги анализирал снимките од самитот, вели дека Трамп е тој што се обидел да преземе иницијатива, додека Ким бил релаксиран. 

Двајцата претседатели меѓусебно се поздравиле на англиски со "Мило ми е што се запознавме, господине претседателе", а според тврдењата на Сатон, во текот на чудното ракување кое траело дури 13 секунди, Трамп рекол и "благодарам, благодарам многу".

По ракувањето и заблагодарувањето, првиот човек на САД својот соговорник го погледнал во очи по што му рекол: "Фантастично, ајде да испиеме по еден пијалак".

Овој потег на Трамп можеби е добро замислена тактика, бидејќи како што тврдат медиумите, лидерот на Северна Кореја "сака чашка", а наводно во текот на минатите години увезувал алкохол во вредност од илјадници долари за лична употреба.

Исто така, во текот на ретките странски посети, забележано е дека Ким често уживал во скапите пијалаци, како што било случај во текот на посетата на Кина пред неколку дена.

Откако го поканил соговорникот на пијалак, Трамо го упатил Ким кон просторијата во која разговарале: "Мислам дека одиме тука". Камерите ја забележале и насмевката на Ким Јонг Ун, а според зборовите на Сатон, Трамп во тој момент рекол дека му "мило што е тука".

На крајот од состанокот, двајцата лидери потпишале заеднички документ во кој се обврзуваат на работа "кон целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров", по што уследило фотографирање пред севернокорејското и американското знаме. Во текот на сликањето, Трамп и Ким размениле неколку зборови.

Од усните на Трамп можело да се прочита дека му се заблагодарува на Ким, додека тој зборувал "за шанси за нова средба". На таквиот предлог Трамп одговорил: "Кога ќе бидеш подготвен. Направи добра работа. Ти благодарам. Ти посакувам добар лет. Благодарам". Пред да се разделат, и првиот човек на Северна Кореја му се заблагодарил на својот соговорник.





Спонзорирани линкови

Маркетинг